Јанушев во Берово: Со договорот со Грција ги губиме јазикот и идентитетот
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вечерва беше во Берово каде имаше средба со граѓани со кои разговараше за договорот со Грција.
Пред жителите на Берово, Јанушев рече дека договорот со Грција е капитулантски и оти не треба да се поддржи.
- Гледаме дека преку кампањата која е спонзорирана со државни пари од државниот врв сакаат да прикажат дека патот кон Европската унија и НАТО се единственото нешто коешто се случува во овој момент, што е апсолутно неточно, бидејќи единствено нешто што се случува и што го губиме во овој момент како држава и како нација се името и идентитетот, рече Јанушев.
Додаде дека граѓаните се незадоволни од неисполнетите ветувања на власта и оти Берово е град каде масовно се иселуваат луѓето. - Само во последните две недели се иселени 16 семејства, рече Јанушев.
Ново на Сител
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции
-
Затворски казни, оставки и разрешувања за лица од правосудството во 2024 година
-
Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари
-
Спектакуларна прослава во Сиднеј
-
Трамп освои втор претседателски мандат
-
Имало ли недостаток на нафта во ЈСП?