Македонија
14. September 2018 - 9:51

Јанушев: Виница се иселува, власта наместо да го решава тоа се зафати да го менува името, идентитетот, историјата и културата

Виница е се по празна, власта која ветуваше дека ќе го спречи иселувањето не само што не го реши туку и го забрза, ги слушаме граѓаните како велат дека со оваа власт нема перспектива и дека поради неправдата и криминалот кој се случува во Република Македонија среќата ќе ја бараат далеку од својот дом, рече Јанушев.

Граѓаните велат дека Заев ги излажал, ништо од тоа што го ветил не реализирал. Но затоа ја понижувал државата кај ќе стигне, тие не се согласуваат со срамниот договор за Македонија како што велат, со кој се менува името, идентитетот, историјата и културата.

Јанушев потенцира дека договорот е капитулантски и дека во ниту една точка од истиот Македонија не е во предност, нашата држава е оштетена страна во целост.

Тој напомена граѓаните да не се плашат од уцените на власта и да не подлегнуваат на притисоците.

Власта е исплашена и затоа и се заканува, исплашени се ете гледате Заев бега и од дебата, бега затоа што нема аргументи, нема одговор на прашањата дали не се губи институционалниот идентитет, културата и историјата, знае дека и дава алатка на Грција со Комисијата за ревизија на историјата и културата да не блокира на секој чекор кон ЕУ, затоа се плаши, исплашен е затоа што знае дека потпишал катастрофален договор.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ не го подржува и нема да го поддржи овој капитулантски договор.