Јанушев: Народот гледа што се случува и народот ја казни власта
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на телевизиска дебата на 24 Телевизија истакна дека на народот ја казни власта и опозицијата ја победи власта во Македонија. Тој објасни дека во предизборието имаше кражба на изборен материјал, имаѓе вербални напади на активисти од ВМРО-ДПМНЕ. -Кирацоски се обврза да побара одговорност но две недели поминаа сеуште одговорност нема.
Неколку дена пред гласањето имаше полициски службеници кои влегуваа во штабови на опозицијата. Да не ја заборавиме и апликацијата со која се обидовте да собирате мета дата податоци од граѓаните. Тоа го виде цела македонска јавност, вели Јанушев. Јанушев порача дека ВМРО-ДПМНЕ победи во 47 општини, а пред само година дена имаше освоено само 5 општини.
-Ова ВМРО со третата генерација во ВМРО вчера на изборите ви зема 47 општини, а вие освоивте победи само во 17 општини. Во Скопје нема каде имате победено, ви се случува потоп. Со многу самоувереност се расфрлавте во претходните емисии, но ви се случува потоп, предноста ви е 0,6 % а тоа не се ни кажува како статистичка грешка. Ви се случи народ, народот ја препозна шансата, народот гледа што се случува и народот ве казнува, опозицијата ја победи власта во Македонија, позицијата има 70.000 гласа повеќе од власта, вели Јанушев.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка