Македонија
3. May 2020 - 13:38

Јанушев: Додека граѓаните немаат за леб и сол и луѓе умираат од корона, СДСМ со народни пари купува школки, шкампи и морска риба

Додека народот нема за леб и сол, владата на СДСМ купува школки, октоподи и морска риба.

Ова е извадок од веб-страната на Бирото за јавни набавки од која се гледаат трите договори со кои Владата, преку СОЗР, на 07.04.2020 година купила стотина килограми школки, ракови, лигњи и октоподи и сето ова се прави во период додека медицинските лица немаат заштитна опрема, луѓе се заразуваат и умираат од корона, додека се кратат плати на работниците, а голем дел остануваат без работа.

Наместо да се набават нови респиратори, заштина опрема или да им се подели бонус на лекарите и медицинските работници, власта се гости со народни пари.

Народот се организира и шие маски, капи и каљачи за лекарите, затоа што владата наместо да купи заштитна опрема, парите ги потрошила за гозба.

Доколку Заев, Спасовски и СДСМ купеа заштитна опрема за лекарите и медицинските работници немаше да имаме над 200 заразени лекари и медицински сестри. Наместо да склучеа договор за набавка на 365 килограми свежа пастрмка, 200 килограми крап, бранцин и лосос, 400 килограми ослиќ, шкампи, лигњи, школки и ракчиња, да купеа заштитна опрема и дезинфициенси немаше да бидеме на врвот на смртност во регионот и да имаме повеќе мртви на милион жители од Албанија, Бугарија и Грција заедно.

Работниците остануваат без работа, земјоделците се без откуп, економијата тоне и наместо помош за сите нив, владата ги фрла последните пари за морска риба. Срамота!

Ова е класична злоупотреба и за ова одговорност мора да има. Бараме под итно да запре безредието со трошењето на народните пари.

Во ек на криза, во ек на пандемија не смее да се троши на луксуз и гозби. Потребно е итно запирање на сите тендери кои значат набавка на непотребни

работи. Во овие моменти народот од власта очекува скромност, а не раскалашеност и аздисаност.

Веднаш да се раскине договорот и парите да се пренаменат за купување на заштитна опрема за медицинскиот персонал.

Ова е само еден од низата примери на луксузирање додека народот гладува. Деновиве ќе обелодениме и други скандалозни набавки.

Напоменувам – сите вакви договори, со кои се манифестира луксуз во ек на пандемија ќе бидат предмет на ревизија за многу брзо од сега и сите кои сториле криминал ќе одговараат.

Новинарско прашање од Канал 5 ТВ, а во иста насока се прашањата од МТВ и Телма:

Доколку не се прогласи повторно вонредна состојба, а потребен е законодавец во државата ( во случајот стариот состав на Собрание или избори за нов состав ), која опција од двете кои се на располагање ќе ја понудите на лидерската средба за да не се случи неколку месечна парализа во однос на нови мерки или уредби?

Одговор: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на евентуалното враќање на Собранието не е став заради водење инает или дневно политиканство. Неколку пати досега имам напоменато, кога станува збор за почитување на Уставот и законите, не можеме тука да ги прашуваме политичарите што мислат и кој е нивниот став. Уставот е дециден и јасно кажува дека Собранието не може повторно да заседава затоа што е самораспуштено и пратениците го имаат вратено мандатот. И впрочем ова не е став како што кажав на дневна политика на ВМРО-ДПМНЕ, туку тој став е и на најголем дел од врвните експерти во државата кои ја третираат материјата на Уставното право и политичкиот систем. Така да овде не станува збор желби на политичките партии и преку нели изразување на тие желби и согласност на политичките лидери на некој начин повторно да се прекршуваат Уставот и законите. Тоа што го имаме пропишано и ако навистина се залагаме за владеење на правото и правната држава тогаш мораме да почитуваме она што е напишано.

Новинарско прашање:Што велите за предлогот на СДС за избори во ек на корона?

Одговор: Во моментот ја имаме пандемијата со корона каде луѓе умираат во државата, имаме ситуација каде Светската здравствена организација ја продолжи веќе прогласената вонредна состојба за дополнителни 90 дена, имаме фактичка ситуација каде Франција ја продолжува вонредната состојба заради здравствениот колапс до крајот на месец јули годинава. Да разговараме за избори овој период мислам дека е безпредметно, бидејќи здравјето и животот на граѓаните е пред се и нас се. Исто така треба сериозно да се поведе грижа нешто што не се случува од страна на СДСМ и Владата во однос на економијата и стопанството кое тоне. Она што можам да го увидам е дека и покрај тоа што на почетокот барем пред извесен период СДСМ се криеше позади изјавите дека се за здравјето на граѓаните, дека тоа е приоритет. Всушност под маса така кажано лиферуваше со новинарите дека всушност се избори, тоа веќе не го кријат јавно кажаа дека сакаат избори веднаш по завршување на оваа вонредна состојба. Има три работи коишто се битни да се кажат а се поврзани со овој став на СДСМ. Првиот е дека тие на овој начин се надеваат дека ќе го ублажат поразот затоа што се свесни дека ги очекува огромен пораз и се надеваат дека ќе го ублажат истиот, затоа што првично се надеваат на ниска излезност поради стравот којшто постои кај граѓаните на Република Македонија во однос на целата оваа ситуација да излезат и да гласаат. Втората работа е дека се надеваат на еден начин на фалсификат на изборите бидејќи де факто доколку изборите се одржат веднаш по вонредната состојба ќе немаме или ќе имаме многу мал мониторинг од страна на релевантните институции којшто го прават истиот за време на изворите. Така да уште еднаш е јасно дека СДСМ покажува една работа дека воопшто не им е битно ниту народот во Република Македонија, ниту што мислат луѓето во државава, туку на секој можен начин да се обидат да ја спасат сопствената кожа.