Јанушев: Девастација на македонското општество, бизнисот стагнира
Денес сме во посета на Берово и Пехчево, се среќаваме со граѓаните, се среќаваме со бизнис заедницата, разговараме со сите во однос на нивните проблеми кои што се соочуваат во последните три години.
Она што го зборуваме веќе во овој период континуирано тоа се покажува и во средбите буквално со сите оние кои што се среќаваме. Народот е едноставно незадоволен, на народот му е преку глава од ова што го живеат во овие три години.
Криминално-рекетарската банда на Заев и СДСМ буквално направи девастација на македонското општество, буквално во сите сфери.
Бизнисот стагнира, економијата и финансиите се во една очајно лоша ситуација. Со земјоделието се случува истото, а да не зборуваме за здравството и образованието.
Она што граѓаните го гледаат, она што луѓето кои што живеат овде во Република Македонија и особено во овој регион на Берово и Пехчево гледаат една надеж, една светла точка во ВМРО-ДПМНЕ и она што можеме да го ветиме пред граѓаните дека со работа, работа и многу работа ќе ја донесеме после 12 април обновата во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот