Јанушев: Бараме итно проширување на истрагата за случајот „Рекет“ кон извршителите и кон нарачателите
Бараме итно проширување на истрагата за случајот Рекет, не само кон извршителите, туку и кон нарачателите, кон СЈО, кон сите функционери во СДСМ и кон сите вклучени.
Сведоци сме на најголемиот рекет систем во независна Македонија. Секој ден се јавуваат жртвите на рекетарите на власта, систем кој опстојува две години и во кој се рекетирани милионски суми не може да постои и функционира без за него да знае врхушката на власта.
Експертите од правната фела се децидни, да беше некој друг на местото на Јанева, до сега ќе беше во притвор. Да стануваше збор за правна држава, уште првиот ден ќе имаше оставки на министрите за правда и за внатрешни работи, а во најкраток рок ќе следуваше оставка и на владата и ќе беа распишани предвремени парламентарни избори.
Заев нема кредибилитет да зборува за правда. Заев е коренот на неправдата. Потребни се итни реформи, а тоа со Зоран Заев не е можно. Затоа потребни се итни предвремени парламентарни избори и обвинителство кое ќе биде вистински независно.