Јанукович бара заштита на човековите права од Стразбур
Поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович се обрати до Европскиот суд за човекови права бидејќи смета дека државата постојано му ги крши правата, се наведува во соопштението на британската адвокатска фирма „Џозеф, Хејг и Арансон“, која го претставува Јанукович.
- Јанукович бара од Европскиот суд за човекови права да го потврди кршењето на правата согласно Европската конвеција за човекови права, вклучително и правото на праведен судски процес (член 6), правото на ефикасна истрага за смртните закани и правото на заштита на неговиот живот (член 2), како и правото да не биде дискриминиран поради политичката припадност и убедувања (член 14), се посочува во соопштението.
Адвокатот Џо Хејг наведе дека Јанукович тоа го бара бидеќи украинските власти дозволиле „неправедни“ судски процеси, при што е нарушено основното право, обвинетиот да присуствува на судење за да може да се заштити. Хејг тврди дека украинското обвинителство е под политички притисок за да обезбеди фалсификувани кривични обвиненија.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори