-->
-->
Јанкуловски: УКИМ и годинава има богата понуда на студиски програми
-->
Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје е најголемиот, најстариот и најдобриот според сите рангирања во нашата земја. И годинава има богата понуда на студиски програми, како и претходните години. Тој е единствениот Универзитет кој ги има трите циклуси на студии, прв, втор и трет и има студиски програми од сите научни подрачја.
Ова денеска го изјави ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски на Денот на високото образование што се одржува во кампусот на техничките факултети.
Ректорот посочи дека Универзитетот од секогаш обрнувал посебно внимание на квалитетот на студиските програми, на нивно осовременување и збогатување.
- УКИМ има и други стратешки цели, како што се подобрување на квалитетот на студиските програми, можност да се запишат поголем број странски студенти на нашите факултети и овозможување мобилност на студентите и професорите, рече Јанкуловски.
Според него, посетеноста на штандовите укажува дека и оваа година ќе има голем број на запишани студенти на УКИМ.
На штандовите на факултетите посетителите може да погледнат презентации и изложбени материјали. Студентите ќе имат можност да ги погледнат факултетите, да се запознаат со дел од професорите, да ги разгледаат идните студиски програми и да се запознаат со целокупниот начи на студирање
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024