Македонија
4. March 2016 - 16:23

Јанкуловска: Катица Јанева е продолжена рака на Заев, нема докази за случајот Титаник

Катица Јанева е продолжена рака на Зоран Заев за политичка пресметка. Екс министерката Гордана Јанкулоска во интервју за Прес24 вели дека опозицијата го користи специјалното обвинителство како политички инструмент кој во недостаток на идеи и програма, треба да ја пополни празнината на Бихаќка и да ја води кампањата на СДСМ.

Јанкулоска вели дека во предметот против неа,  специјалното обвинителство не предочило никакви докази

За граѓаните Катица Јанева веќе одамна не е на нивото на задачата. Јавноста во огромно мнозинство верува дека Специјалната обвинителка работи под диктат на СДСМ и меѓународниот фактор.

Од друга страна, само неколку месеци на функцијата и беа доволни на Јанева да се вплете во серија скандали и афери, почнувајќи од становите во Скопје па се до нивните со смокви кои ги барала од државата и да даде дури два лажни искази пред нотар.

Непрофесионалноста обвинителката не може да ја скрие ниту во судницата, каде повеќе од половина година не и е доволна да го спреми обвиниението за предметот Пуч против Заев и Верушевски, оправдувајќи се со банални изговори како подготвување на свадби и славење на велигденските празници.

Експертите велат дека недостатокот на капацитетот во Специјалното обвинителство Јанева се обидува да го испере префрлајќи ја одговорноста на останатите институции ставајќи се над нив и непочитувајќи ги законите.

Последен пример е однесувањето на една од обвинителките на Јанева која одбила да дојде на Распит во Јавното обвинителство каде се сомничи за малтретирање на сведоци.

За сите обвинувања, Катица Јанева молчи. Серија обиди на Сител да добие став од Специјалното јавно обвинителство завршуваат без успех или со одговор, дека Специјалното обвинителство не може да одговори на нашите прашања.