Македонија
11. May 2016 - 16:10

Јанко Бачев го скрши мразот - НДМ ги поднесе кандидатските листи во ДИК

ВМРО-ДПМНЕ ќе достави кандидатски листи за пратеници. Информацијата за Сител официјално ја потврди директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Иво Котевски

Јанко Бачев го скрши мразот. Народното движење за Македонија е првата политичка партија која поднесе кандидатски за пратеници за изборите на 5 јуни.
Бачев ќе учествува со кандидатски листи во сите 6 изборни единици, а ќе ги предводи кандидатите за пратеници во првата

Меѓу останатите политички партии, само СДСМ и ДУИ до сега официјално потврдија дека нема да учествуваат на изборите.
Од ДУИ информацијата за Сител ја потврди партискиот портпарол Бујар Османи.

Како што неофицијално дознава Сител, Заев уште минатата недела ги подготвил кандидатските листи, иако вчера потврди дека нема да учествува на изборите.

Во ДПА владее вистински молк. Повеќе од една недела никој од партијата не дава никакви информации за новинарите, па оттука, не се знае дали Тачи ќе се вмеша во изборната трка.

Извори од ДИК велат дека уште неколку помали партии барале информации за постапките за кандидирање, па не се исклучува можноста и тие да побараат место на гласачкото ливче.
Дали и кој ќе реши да излезе на изборите закажани за 5 јуни ќе се знае на полноќ, кога истекува рокот за пријавување на кандидати за пратеници.