-->
-->
Јанг победник на вториот скопски фјучрс
-->
Цунг-Хуа Јанг од Тајпех е победник на вториот фјучрс тениски турнир што денеска заврши во Скопје и се играше на терените на ТК „Тенис парк“. Тој во финалето за нешто помалку од три часа го победи Нино Сердарушиќ од Хрватска со 2:1 во сетови.
Првиот сет го освои Јанг со 7:6 (7:2 на поени), а во вториот Сердарушиќ беше подобар и изедначи на 1:1 (6:4 во гемови). Во решавачкиот сет беше 6:3 во гемови за Јанг.
Ова за Јанг е осма титула на фјучрс турнирите, втора во 2017 година. Јанг е „двоен победник“ на турнирот откако во петокот триумфираше и во игра на двојки заедно со Дејн Пропоџиа. на првиот фјучрс Јанг во четвртфиналето беше елиминиран од македонскиот тенисер Томислав Јотовски.
Сердарушиќ и во второто финале во Скопје исто како и минатата недела е поразен.
За триумфот Јанг ќе освои 18 поени, а Сердарушиќ 10.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк