Свет
16. April 2017 - 10:51

Јанг и Тилерсон за ситуацијата на Корејскиот полуостров

Кинескиот дипломат Јанг Џиечи и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон размениле денеска во телефонски разговор гледишта за ситуацијата на Корејскиот полуостров, јави Синхуа.

Кинеската новинаска агенција не даде детали од разговорот.

Северна Кореја лансираша синоќа ракета во близина на Синпo, на својот источен брег, а ракетата експлодираше речиси веднаш по лансирањето.