Фудбал
16. August 2017 - 12:39

Јаневски на клупата против Фенербахче

Иако официјалната промоција е закажана за денеска во 20 часот кога ќе се одржи прес конференцијата на ФК Вардар за дуелот со Фенербахче од Лига Европа сепак црвено-црните навремено реагираа и обезбедија дозвола од УЕФА Јаневски да го предводи Вардар од клупата како шеф на стручниот штаб. 

Јаневски експресно стаса во Скопје и се договори со раководството на Вардар, а го замени на клупата Гоце Седлоски, кој вчера поднесе оставка. Раководството на македонскиот првак се тркаше со времето, за да успее да го протне Јаневски на списокот како нов тренер, а според потврдата на сајтот на УЕФА мисијата е успешна и поранешниот селектор на македонската репрезентација утре ќе биде крај аут-линијата и ќе диригира со играта на Вардар.

Утре се игра првиот меч во Скопје од 20 часот, а реваншот е во Истансбул за една недела.

 

фото: спорт1.мк