-->
-->
Јаневски ја презема вината за поразот и се извини на навивачите
-->
И во третиот натпревар од групната фаза во Лига Европа, македонскиот првак Вардар претрпе пораз, овојпат најубедливиот.
Одговорноста за поразот од 0:6 пред своите симпатизер на Националната Арената „Филип Втори“ од Реал Сосиедад ја презеде тренерот Чедомир Јаневски кој воедно и јавно им се извини и навивачите.
„Јас сум виновен за денешниот дебакл, и сакам да им се извинам на навивачите. Ова е тежок пораз за мене за клубот. Сосиедад успеа да постигне гол од првата шанса, по што ние имавме можност да израмниме. Не успеавме, а тоа гостите до крајот на полувремете двапати го казнија. е верувам дека постои играч кој нема желба да игра вакви натпревари. Секој би сакал да одигра што е можно подобро. Во првенството играме во прва и втора брзина, а тука, во Лигата на Европа треба да се игра во шеста и седма брзина. На крајот, сакам уште да се извинам за овој пораз“, изјави Јаневски на прес-конференцијата, по мечот.
Вардар останува без освоен бод по трите одиграни натпревари во Л групата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација