Фудбал
29. September 2017 - 9:15

Јаневски: Искуството на Розенборг пресуди за победникот

 
 
Шефот на стричниот штаб на Вардар, Чедомир Јаневски смета дека искоството на Розенборг бо европските натпреварувања било клучно за вториот пораз на македонскиот шампион Вардар во гупната фаза во Лига Европа. 
 
Вардар синиќа загуби од Розенборг со 3-1 на мечот кој се одигра во Трондхајм, но Јаневски смета дека доколку неговите играчи ги искористеле шансите тогаш исходот можел да биде и поинаков. 
 
„Сакам да им честитам на Розенборг за победата. Мислам дека и покрај поразот, натпреварот мина во егал, рамноправно. Двата тима пробаа да играат фудбал. Имавме свои шанси. А, кога нема да се даде гол, тогаш се прима, тоа е така во фудбалот. Тоа е резултат на нашето неискуство. Денеска победи тимот кој што имаше повеќе искуство во вакви мечеви и ги реализираше своите шанси“, изјави Јаневски на прес-конференцијата по мечот. 
 
Предводеникот на вардарци очекува дека доколку неговите избраници продолжат да играат како на синоќешната средба тогаш Вардар може да се надева на бодови веќе во следниот меч. 
 
„Задоволен сум од играта на мојот тим, бидејќи беше поинаква од првиот меч против Зенит на домашен терен. Сигурен сум дека ако продолжиме во овој стил, бодовите ќе дојдат на некој од следните натпревари“, дополни Јаневски. 
 
Дали тоа ќе се случи во следното, трето коло, кога во Скопје на 19 октомври гостува шпанскиот Реал Сосиедад, останува да се види.