Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието
Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието и на штета на воспитно – образовниот процес! Законот за средно образование кој го предложивме во Собранието и предвидуваше повеќе нови права и можности за наставниците, стручните соработници, учениците и родителите, вклучително и изборна можност за интонирање на македонската химна во училиштата, ќе почека некоја недела за усвојување. Во меѓувреме ќе ја подобриме неговата содржина, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Во објава на Фејсбук, Јаневска појаснува дека законот е повлечен од дневен ред за да не дозволи ДУИ да го закочи усвојувањето на целата нова правна регулатива во образованието, на која со бројни општествени чинители е работено во изминатите неколку месеци.
- Користејќи националистички реторики, обвинуваат за создавање наводно некаква си меѓуетничка нерамноправност. Убаво ќе беше да си ја сакаат татковината, државата каде се образуваат, работат и земаат плата и да изразат почит кон нејзините симболи. Но, гледаме нешто друго...Заради остварување на партиски цели и програми, спремни се да го спречат развојот, јакнењето на основниот столб на државата – образованието. Со вакви потези несвесно, тие го уназадуваат и воспитно – образовниот процес на сите деца, независно на која етничка заедница припаѓаат. Но, очигледно тоа и не е така важно, пишува Јаневска во објавата.
Нагласува дека како министерка ќе продолжи да се залага за јакнење на меѓуетничките односи особено меѓу младите и дека за следната година се предвидуваат повеќе средства за училишни активности кои ќе ги зближуваат младите од различните етнички генерации.
- На пратениците од ДУИ сакам да им порачам дека Владата ќе продолжи да ги спроведува промените кои народот ги побара, тоа е сигурно. Но, им порачувам и конечно да почнат си ја почитуваат државата, да покажат волја за соживот, за соработка, разбирање и единство. По не знам кој пат ќе повторам, живееме во една заедничка држава, сите треба да ја чувствуваме како своја и заедно да се грижиме за нејзиниот развој, вели министерката Јаневска.
Ново на Сител
-
Реформи веднаш за поголем економски раст
-
Директорката на Клиниката за деца “Козле” на состанокот кај Таравари ги негирала обвинувањата од 30 специјалисти
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопјани се подготвуваат за викенд без вода
-
Артан Груби побарал укинување на притворот
-
Македонското и косовското МВР не откриваат дали Груби и Бајрами се лоцирани во Косово
-
По 4 дена од ДУИ порачаа дека не се совршени, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си ја префрлаат вината за бегството на Груби
-
Анализа: Кои убиства беа расчистени?