Македонија
2. March 2016 - 16:18

Јанева повторно го одложи судењето за Пуч - судот тврди дека пристапот до списите е слободен и непречен

Судењето за ПУЧ одложено за 3 мај. На барање на специјалната обвинителка Катица Јанева да бидат доставени копии од доказите за предметот во кој е обвинет Зоран Заев, судот одлучи да рочиштето да се одложи. Јанева поднела жалба до Апелациониот суд кој треба да се изјасни по  што вели ќе можат да го состават воведниот збор, иако увидот е завршен, а тим од СЈО доаѓаше во судот да изврши увид.

Медиумите во меѓувреме прашуваат, Дали Катица  Јанева на секој начин пробува да ги спаси Верушевски  Заев и го одложува судењето.

СЈО и одбраната побараа одложување на неколку од предложените датуми за во април со изговор, дека Јанева прави свадба за својата ќерка а адвокатот Медарски ќе бил на службено патување. Лидерот на СДСМ Заев од обвинителната клупа довикуваше, најдобро ќе биде на 5 јуни, на што Верушевски додаде,кога ќе поминат изборите ќе направиме судење како што треба.  Остана месец мај кога е и православниот празник  Велигден. На предложениот датум прифатлив за сите, обвинетите коментираа , одлично ќе направиме една убава скара по повод први мај и празникот.

 Во излагањето, Јанева изрази сомнеж дека судот не поседува сертификати за класифицирани информации кој што е потребен во овој случај, за што побара судот да ги презентира доколку ги поседува. Бараше од судијата да присуствува и сведокот кој рече дека е истовремено и оштетен и трееба да биде на сите рочишта.Јанева испрати и соопштение непосредно пред да влезе во судницата во кое се вели „ Начелата на акузаторност и легалитет на постапката налагаат јавниот обвинител да ги поседува доказите на кои се заснова обвинението. Поради тоа се добива впечаток дека Судот врши опструкција на работата на ова Јавно обвинителство, одолговлечувајќи ја кривичната постапка и оневозможувајќи на ова Јавно обвинителство да се впушти во главната расправа.“

Судијката Љубинка Башевска рече дека судот нема обврска на странките да им предочува сертификати и потенцираше дека судечкиот совет не би се впуштил во работа доколку нема овластувања. Според Башевска, кога ќе се презентират доказите кои се сметаат за класифицирани , јавноста ќе биде исклучена . Истите ќе бидат докласифицирани  а увид во нив ќе иаат само ограничен број на луѓе. На барањето сведокот да присуствува, Башевска рече дека судечкиот совет е тој што го определува темпото на водење на расправата и сведокот ќе биде навремено повикан кога ќе се создадат условите. Најпрво треба да поминат воведните зборови од 5 обвинети со 4 бранители и СЈП.

Основниот суд реагираше - Нејасна и тенденциозна е изјавата во јавноста дека судот е тој што ја опструира работата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), при што јавно се прозива Кривичниот суд како законски единствен стварно и месно надлежен суд дека не поседува сертификат за пристап до класифицирани информации наспроти странките, со што јавно се девалвира и навредува улогата и позицијата на судот и судиите во постапката, а со политички говор се издигнува улогата на СЈО. И појаснуваме на јавноста дека во конкретната ситуација не е спорно дали некој има или нема сертификат да врши увид и да работи со списите на предметот во кој има класифицирани информации и ова за судот е расчистено прашање. На СЈО му е дозволен непречен увид во секое време во сите списи на предметот.

Ги повикуваме обвинетите лица во наведената постапка да не ја злоупотребуваат постапката за политички говори како директен напад и непочитување на институцијата суд и на овој начин да вршат притисок врз работењето на судот.

Додека судијата одлучуваше, првообвинетиот во ПУЧ Зоран Верушевски упаѓаше во нејзиниот збор, бурно реагираше да не го снимаат камерите и се закани дека ќе ја напушти просторијата бидејќи не се трпело цела година, а и покрај предупредувањето повторно возвраќаше. Претходно и Катица Јанева и возврати на судиката со повисок тон, на барањето таа поспоро да го чита своето излагање со изговор, „Ќе ме следи она, си знае што да си напише. “