Јанева нема да дава исказ за „Рекет“ во оваа фаза
Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е третоосоминчена во случајот „Рекет“, во оваа фаза нема да дава исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Јанева, како што потврди за МИА нејзината адвокатка Ирена Фрчковска, ќе го задржи правото во однос на предлагање сведоци и докази понатаму во постапката.
– Иако рокот за доставување докази на одбраната е до десети, тоа право го имаме до почеток на главната расправа и ќе го искористиме во таа фаза, изјави Фрчковска.
Посочи дека се во исчекување на одлуките во врска со барањето за укинување на притворот и дадената гаранција.
– Очекуваме овие денови Апелационниот суд да донесе одлука и за нашиот предлог. Сметаме дека се исполнети сите услови за укинување на мерката и замена со поблага мерка притвор, изјави Фрчковска.
Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 денеска не даде исказ во Обвинителството, иако беше спроведен од КПУ Затвор Скопје, каде се наоѓа во притвор. На Јовановски му се слоши и на носилка и со возило на брза помош беше однесен од Обвинителството за гонење организран криминал и корупција во една од скопските клиники.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид