Македонија
23. March 2016 - 12:47

Јанева и Заев отворија пат за обезличување и непризнавање на државата од секого

Откако првиот човек на СДСМ Зоран Заев и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја оспорија државата, Албанците ке го оспорат територијалниот интегритет, а Грците ќе уживаат во нашето разнебитување. Тоа што не им успеа со куп притисоци и закани, им успеа со двајца лудаци, коментираат експертите.

Лидерот  на СДСМ и специјалната јавна обвинителка спроведуваат деструктивно сценарио за да ја задржат кризата која ја наметнаа. Тие не ја признаваат целата македонска држава зошто не ги признаваат институциите во неа кои се градени со децении. Заев одамна стартуваше со вакво сценарио, а Јанева по стапување на својата функција, како да сака да биде портпарол на опозицијата.

Додека Заев ги негира судовите и брои фантомски гласачи, неговата соработничка Јанева се приклучува во неговите ставови и не ги признава Собранието, Уставниот суд и претседателот, со што практично не ја признава државата.

-Сите институции се нелегитимни освен Специјалното обвинителство. Предметот Титаник покажа дека сите избори од 2011 се нелегитмни а со тоа нелегитимни се избраните институции како што е Уставниот суд, Собранието и Владата, затоа би му порачале на Уставниот суд да го почитува Специјалното обвинителство, рече денеска на конференцијата за антикорупција, специјалната обвинителка Катица Јанева.

По ваквата изјава на Јанева, универзитетската професорка Биљана Ванковска на својот ФБ профил напиша дека ако Заев на признава суд, Јанева не признава ни шретставничко тело на граѓаните, ни држава.

vankovska-2

-Дали ми се чини или Катица Јанева индиректно порача дека не ги признава ни собранието, ниту другите институции затоа што биле нелегитимни? Процедурално прашање: од каде таа црпи легитимитет?  Дури сега ја чув целата изјава на Јанева! Ако Заев не признава суд, оваа не признава ни претставничко тело на граѓаните, ни држава!, напиша Ванковска.

vankovska-1

Кој сега ќе ги спречи Албанците да не ја признаваат државата?

Експертската јавност коментира дека откако Заев и Јанева ја оспорија државата, сега се поставува прашањето кој ќе ги спречи Албанците да не ја признаваат државата? Јанева и Заев отворија пат за обезличување и непризнавање на државата од секого, на што секако според експертите најрадосни се Грците и Албанците.

Политичкиот аналитичар Александар Пандов, вели дека кога една опозициона партија и специјална обвинителка си дозволуваат да оспоруваат држава, тогаш не гледа зошто пак некои и радикални албански структури во Македонија истото тоа не го направат.

-Кога опозициона партија си дозволува да оспорува Собрание, Влада, судство, безбедносни структури, гледаме и дека Специјалната јавна обвинителка го прави истото што го прави и нејзиниот ментор и нејзиниот заштитник Зоран Заев. Во последниве изјави слушаме дека за нејзе не важат ни Устав ни претседател ни Собрание, не гледам зошто пак некои и радикални албански структури во Македонија истото тоа не го направат, вели Пандов.

Тој додава дека во ситуација кога гледаме што се случува на безбедносен план во Европа, тие сакаат да направат дно во матно и да ги реафирмираат големо албанските идеи и со самото тоа да го оспорат и територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија.

Pandov-Alfa

-Да се потсетиме до пред еден месец низ Македонија се шеташе еден шарлатан Питер Ванхојте кој на мизерен начин ја навредуваше и македонската држава а и граѓаните во Македонија споредувајќи ги со мачки , дека македонскиот народ се проституира за 1000 денари и сендвич и ред други меѓународни претставници  и дипломати кои што во последно време се носени како закрилата на македонската опозиција и нејзините претставници, гледаме дека и односот кон македонските инстутуции, македонската држава и народ им е под секое ниво на дипломатска култура и културно однесување во една суверена држава, вели Пандов,

Тој смета дека подолго време поголем број на македонски интелектуалци и новинари го говорат тоа дека ова е смислена стратегија, а дека Зоран Заев и неговото раководство и Катица Јанева се во еден пакет ист пакет со петтоколонашката структура на СОРОС која што со заеднички сили се обидуваат на секаков начин да ги подријат темелите на државата  да ја обезличат Македонија.

-Со тоа тие да им дадат уште поголемо право и можност на сите оние, почнувајќи Грците преку името, Србија со црквата, Бугарите со непризнавање на јазик или Албанија со територијални претензии да нивните апетити се зголемат и нормално потпомогнати со петтоколонашите во името на СОРОС, СДС и Катица Јанева се обидат да ги реализираат, заклучува Пандов.