Македонија
3. December 2019 - 19:13

Јанева и Јовановски не се чувствуваат виновни, второобвинетиот призна вина - стартуваше судењето за ,,Рекет‘‘

Алчноста на Јанева и нејзината желба за филмска улога во “Чарлиевите ангели“, ја доведоа на обвинителна клупа поранешната специјална обвинителка. Вака обвинителката Вилма Русковска го почна воведниот говор за случајот Рекет. Смета дека однесувањето на Јанева е срам за државата.

На ваквиот говор не остана рамнодушна екс обвинителката Јанева. Откако рече дека не се чувствува виновна и оти може секому да погледне во очи, побара судот да не се плаши од заканите на Русковска за тресење од гаќи. Одбраната на Јанева смета дека обвинителството нема докази за крвичното дело кое ја товари специјалната обвинителка.

Невин се смета и бојан јовановски кој објасни дека и покрај лошото здравје, до последната капка крв ќе се бори да докаже дека не го сторил кривичното дело. Тврди дека поседува снимка од својот дом на која се гледа кој и каде ја носи торбата со пари. Во судницата рече дека преку неговиот исказ ќе ги открие организаторите и помагачите на случајот „Рекет“. Неговиот адвокат тврди дека не знае за што говори Јовановски.

Додека Јанева и Боки 13 по судски пат ќе ја докажуваат својата невиност, второосомничениот во Рекет, утре ќе ја слушне пресудата. Зоран Милевски призна дека го сторил кривичното дело.

Според обвинението, тројцата се обвинените дека го рекетирале бизнисменот ОРце Камчев кој плати 1,5 милион евра за да биде пуштен од притвор. На денешното судење, неговиот адвокат побара освен кривична одгворност, обвинетите да му ги вратат и парите. Тоа не го дозволи обвинителтвото и упати во друг судски спор да се наплатат парите.