Македонија
26. November 2015 - 17:20

Јанева го утрвди планот за работа - Ги побара првите пет предмети

Катица Јанева ги побара првите 5 предмети од јавните обвинителства. Случајот Пуч е на листата на нејзините приоритети. Во него четврто обвинет е лидерот на СДСМ Зоран Заев а првообвинет поранешниот разузнавач Зоран Верушевски.

Од обвинителството з аорганизиран криминал побарачла да и биде испратен и предметот со набавката на опрема од Израел. Кривичната пријава з аовој случај ја поднесе СДСМ а со неа е опфатен и екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

Од скопското обвинителство, е побран предметот во кој Премиерот Никола Груевски и екс-министрите за внатрешни и за транспрот, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески се сомничат за фалсификување исправа и за повреда на избирачкото право. И оваа кривична пријава беше поднесена од СДСМ за време на објавувањето на така наречените бомби.

Јанева бара и по еден предмет од обвинителствата во Куманово и во Битола. Предметот од кумановското обвинителство е оформен по кривична пријава од анонимно лице против телекомуникациски оператор. Во битола се работи за кривична пријава против градоначалникот Владимир Талевски поднесена од СДСМ.

Обвинителствата имаат рок од 8 дена за да ги достават предметите до јанева. Специјалното обвинителство има уште 8 дена се произнесе за неговата надлежност.

Во денешното соопштение Специјалното јавно обвинителство ифнормира дека изготвило план з аработа сотгласно кој предметите од другите обвинителства ќе бидат преземани етапно а првите случаи се избрани согласно итноста, обемноста и фазата во која се наоѓа истражната постапка.