Македонија
22. March 2016 - 16:48

Јанева ги прогласи за нелегитимни Владата, Собранието и Уставниот суд - нема да го презентира извештајот за сработеното

Уставниот Суд, Собранието и Владата се нелегитимни за Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Иако и самат е избрана од ова Собрание и користи милионски буџет изгласан од истите пратеници, Јанева смета дека Спеицјалното обвинителство е единствената легитимна институција.

Јанева најави дека воопшто нема да се појавува пред Собранието и Советот на јавни обвинителиз а да го образложи извештајот за нејзината работа. Иако во него тврди дека работи транспарентно, и денеска како и во изминатите месеци не дава одговор зошто барала државен стан ако поседува вреден имот и зошто во два наврати дала лажен исказ пред институциите.=

Помижувањето на институциите не е новост на домашната сцена. Речиси цела година лидерот на СДСМ не с епојавуваше  на судски рочишта тврдејќи дека овој суд за него нема легитимитет. И протестите поддржани од СДСМ пред УСтавниот Суд беа со цел целосно деградирање на оваа највисока институција. Катица Јанева со денешната изјава само ја продолжи оваа пракса на Заев.

И коалицискиот партнер на Заев Самка Ибраимовски денеска ја прогласи цела Макеоднија за фантомска држава.