Македонија
9. August 2019 - 16:41

Јанева до Камчев: Не се секирај за ништо се ќе биде ок

Ла веритас ја објави целосната аудио снимка во која покрај осомничените Боки 13, Зоки Милевски Кичеец и бизнисменот Орце Камчев, за прв пат се слуша и гласот на Катица Јанева. 12-митуната снимка почнува со пребројување на парите кои Камчев им ги дава на осомничените во Рекет во замена за укинување на домашниот притвор.

 По предвањето на парите, Боки 13 во детали ја објаснува процедурата која следи. во разговорот се споменува и името на обвинителката Лиле Стефанова која го води предметот Империја. Камчев тврди дека обвинителката преку пријатели барала недвижен имот.

Катица Јабева е дел од последната аудио снимка. Во телефонски разговор помеѓу Боки 13 и Камчев, Јанева го убедува Камчев дека целата процедура ќе заврши според договореното.

Обвинителката Рускоска веќе потврди дека обвинителство за гонење на организиран криминал поседува снимки на кои се слуша глас на јавен обвинител, но оттаму засега нема поврда дали се работи за истата оваа снимка.