Македонија
3. April 2018 - 16:38

Јане Ченто повторно вратен во Шутка - утрово бил приведен поради непочитување на мерката за домашен притвор

Утринава околу 8.30 часот полицијата го привела прилепчанецот Јане Ченто, иинаку правнук на методија Андонов Ченто, кој беше осомничен за случувањата во Собранието на Р. Македонија на 27 април. Ченто е приведен од својот дом на улицата „Цане Коњарец“ во Прилеп каде беше до домашен притвор. Неговиот татко, вели дека Ченто бил повторно вратен во затворот во Шутка бидејќи според полицијата тој не се придржувал на условите дадени за сместување во куќен притвор, за што пак тој тврди дека не било точно. Обвинува за политички монтиран процес.

„Наводно бил излезен на 30 март од 11.10 до 11.40 часот. Гарантирам дека мојот син беше дома, имаме и камери, може да се вратат камерите, да се види каде бил тој. Имаме отворена порта да видат дали бил тука или не. Ова е политички процес, монтиран, исто како на неговиот прадедо, но ние не се предаваме и ќе издржиме за Македонија“, вели Коле Спиркоски, татко на Јане Ченто.

Инаку Јане Ченто беше приведен лани на 29 ноевмри, а веќе околу месец и половина е во куќен притвор.