Јанчева: Денеска само се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се едно исто
Денеска претседателката на советот на Град Скопје, Љубица Јанчева даде изјава за медиумите кое ви го пренесуваме во целост:
„Почитувани,
Најавеното формирање на мнозинство во Советот на Град Скопје што денес го најавија ВМРО-ДПМНЕ и Левица е далеку од завршена работа.
Денес се потврди само дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се едно исто, нешто што одамна го зборувавме.
А што се однесува до Советот на Град Скопје ништо не е завршено. Битката во Скопје е во недела по што ќе видиме кој има реално мнозинство.
Како што знаете ќе има прегласување на едно место во Шуто Оризари и во зависност од резултатот може да дојде до нов распоред на советничките места.
Дополнително, сите независни листи, реалните гласови на граѓаните не можат да бидат надвор од Советот на Град Скопје, СДСМ ќе ги вклучи и нив.
Во недела е потребно обединување на демократските, прогресивните сили во Скопје, во недела е потребно обединување на гласот за напредок.
Да не дозволиме остатоците од режимот здружени со лажните левичари да добијат можност да го уништуваат Скопје како што тоа го правеа 27 години.
Скопје мора да продолжи да се развива, да се гради како европска метропола, а не како метропола на кичот и барокот.
Да излеземе во недела и да гласаме за број 12, да гласаме за Петре Шилегов, да гласаме Скопје да продолжи со својата успешна приказна.“
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари