Македонија
7. October 2017 - 13:41

Јанчев: Средбата за „Фени" пример на злоупотреба на службената должност за изборни цели

Ова е класичен пример на злоупотреба на службената должност од страна на власта во изборни цели, рече денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Митко Јанчев, по информациите, како што рече, дека неговиот противкандидат остварил средба со превозниците од Фени индустри и вице премиерот за економски прашања на Република Македонија. 

- Напоменуваме дека превозниците се свесни за оваа предизборна манипулација и дека истите имаат организирани форми на здружување и застапување на сопствените интереси. А тоа е Здружение на транспортери преку републичката Стопанска комора, нагласи Јанчев.

Според него „власта е видно вознемирена и уплашена од поразот кој им претстои на локалните избори и ги прави последните очајнички чекори".