Македонија
19. April 2019 - 16:17

Јанакиевски на распит за 27-ми април

Нецелосниот доказен материјал го одложи распитот на екс министерот за транспорт Миле Јанакиески, осомничен за настаните од 27 април.. Тој денеска половина час беше во обвинителството за организиран криминал и корупција каде побарал увид во доказите за истрагата која се води против него..

Неговиот адвокат Александар Новаковски, рече дека од обвинителството им било кажано дека распитот за крвавиот четврток ќе се спроведе по комплетирање на доказите и увид во истите.. Обвинителството дополнително ќе ги известело за датумот за распит на Јанакиески..

Во обвинителството за организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден на распит бил и поранешниот министер Спиро Ристовски.. И тој од обвинителството побарал увид во доказите..

Неделава во обвинителството за организиран криминал на распит беше и поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски.. Ниту тој не одговарал на прашања од обвинителите.. Побарал првин да ги погледне доказите кои ги поседува обвинителството..

Истрагата за организаторите и нарачателите на собранискиот упад почна пред два месеца.. Осомничени за настанот се поранешниот премиер Никола Груевски, екс министрите Ристовски  и Јанакиески, поранешниот собраниски спикер Вељановски, тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски и вработениот во управата, Никола Бошковски..

Според шефот на обвинителството за организиран криминал, Вилма Рускоска, обвинението за овој случај ќе биде готово до крајот на идниот месец..