Македонија
21. February 2019 - 23:02

Јанакиески и Ристовски нападнати во Шутка - кај Јанакиески не се констатирани повреди

Лекарите во Градската болница 8-ми септември не констатирале повреди кај Миле Јанакиески.. Пред здравствените работници, тој се пожалил на болки по телото и главата..

За физичките инциденти во истражниот затвор Скопје, Министерството за правда очекува санкции за сторителите, но и за оние кои не презеле мерки за спречување на насилството..

Од затворот „Скопје“ велат дека ќе се истражуваат можни пропусти на затворската полиција и ќе се бара дисциплинска одговорност..

Опозицијата обвини дека државата немала капацитет да ги заштити двајцата притвореници па побара оставки од премиерот и првите луѓе на МВР и Министерството за правда..

Владеачката партија пак обвини дека инцидентот во затворот е сценарио подговтвено од опозициската партија..

За физичките пресметки во истражниот затвор сведочеа сопругите на Ристовски и Јанакиески..

Случајот во Шутка ќе го истражува и судија од кривичен кој е задолжен за притворите..