Спорт плус
2. August 2018 - 18:35

Јана Милкоска и Стефан Цветкоски триумфираа на Илинденскиот пливачки маратон во категоријата до 16 години

Пливачите Јана Милкоска и Стефан Цветкоски се победниците на традиционалниот Илинденски пливачки маратон во категоријата до 16 години што денеска се пливаше во водите на Охридското Езеро.

Тие патеката од Горица до Охрид долга 2,5 километри ја испливаа за 33:35 и 34:17 минути, постигнувајќи подобри резултати од сениорите кои се натпреваруваа во категоријата од 16 години и постари, а стартуваа половина час порано.

Во категоријата пливачи постари од 16 години најдобри беа Симеон Кралевски (24) и Елена Ена Спасовска (19) двајцата до Скопје, со постигнат резултат 39:54 односно 40:02 минути.

На пливачиот маратон организиран од Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ пливаа педесеттина пливачи, пријавени самостојно и како членови на повеќе клубови од земјата и странство. Првиот „Мал маратон“ во пливање како што го нарекуваат охриѓани се одржа во 1954 година.