Ракомет
23. January 2018 - 23:01

Јан Филип: Имавме среќа, но ја заслуживме со нашата храброст

Чешкиот селектор Јан Филип ја дочека слатката одмазда врз македонскиот ракомет по два циклуси во кои Македонија победуваше на свој терен, а Чешка возвраќаше пред своите приврзаници, но финалниот скор беше во наша полза.

Сега, на неутрален терен среќата и карактерот на чешкиот тим беа факторот кој донесе победа од еден гол разлика за Мрква, Хорак, Здрахала и другарите. На официјалната прес-конференција Филип рече:

„Не игравме како што сакаме, но на крајот од дуелот беше неверојатно. Покажавме карактер, се боревме за секоја топка, а имавме и малку среќа, но ја заслуживме среќата, бидејќи бевме храбри“.

Македонија по вторпат загуби во трет дуел на Европските првенства со чешката селекција.

Извор: Гол