Македонија
2. July 2018 - 15:05

„Јамаха“ се заби во „ Голф“ - повредените итно пренесени во болница

На патот Прилеп-Битола вчера дошло до судир помеѓу мотоцикл „Јамаха” без регистарски ознаки, управуван од К.И.(30) од Битола и патничко возило „Голф” со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(64) од Радовиш.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека совозачот се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница Прилеп.