Балкан
12. November 2017 - 14:57

Јакиш: Присуството на Русија во Сирија е против интересите на Анкара

Поранешниот министер за надворешни работи на Турција и експерт за меѓународни односи, Јашар Јакиш не очекува соработката помеѓу Анкара и Москва во Сирија да трае засекогаш.

Тој оцени дека руското присуство на сириска територија е против интересите и целите на Турција.

- Во овој момент, Турција соработува со Русија во Сирија за низа прашања, но не очекувам дека тоа ќе трае засекогаш, бидејќи мислам дека руското присуство на сириска територија е против интересите и целите на Турција, истакна Јашар.

Тој нагласи дека Русија подолг период ја поддржува „курдската приказна“, а на Анкара не и се допаѓа кога однадвор се решава курдското прашање.

- Различните ставови на Москва и Анкара поврзани за прашањето со Курдите ќе продолжи на долг рок, истакна Јакиш, кој беше шеф на турската дипломатија во периодот од 2002 фо 2003 година.