Македонија
18. October 2016 - 13:48

Јакимче Бајев од Кратово е најновиот милионер во Македонија

Јакимче Бајев од Кратово стана милионер. Тој е  16-ти среќен добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на ДВЛМ. Добивката вредна 1.498.092 денари ја  освои во Спорт Лаиф Треид во Кратово.

-Убавите работи се делат со пријателите. За да се чувствуваат уште поинтензивно. Токму ова ни го потврди и нашиот најнов среќен добитник. Јакимче добивката и сите убави мигови врзани со нејзината реализација ги споделил со пријателите. Тие ни ги раскажаа сите детали кои се дел од убавата атмосфера во Спорт Лаиф Треид  во Кратово. Токму на ова место, во петокот на 14 октомври во 14:15, е постигната најновата добивка МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, вредна 1.489.092,00 денари. Славењето започнало од тој момент, а траело во текот на целиот викенд, стои во соопштението на ДВЛМ.

Во друштво на своите пријатели, тој дојде и во просториите на Државна Видеолотарија, да го подигне својот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ чек, кој гласи на добитниот износ од 1.489.092,00 денари. Засега, нема план како да ги троши парите од оваа добивка. Но, им се радува. Тие се негова прва добивка иако со игрите на среќа се забавувал често.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни годинава. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 16 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 21.978.699 денари. Покрај нив, освоени се и 2037 Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 15.279.940 денари.