Балкан
26. October 2016 - 13:01

Јакаш: За Анкара борбата против Курдите е поважна од операциите против ИД

За Анкара борбата против курдските вооружени групи во Сирија е поголем приоритет од операциите против Исламска држава (ИД), изјави поранешниот турски министер за надворешни работи Јашар Јакаш, на седница на Меѓународниот дебатен клуб во Сочи, одговарајќи на прашањето за главната цел на воената операција на Турција во Сирија.

- Курдските вооружени групи претставуваат поголема егзистенцијална закана за Турција, бидејќи се поврзани со Курдската работничка партија (ПКК) и претставуваат закана за територијалниот интегритет на Турција, додека со ИД веќе се занимаваат други држави, тоа е во интерес на други земји, рече Јакаш. 

Турција на 24 август ја почна операцијата „Еуфратски штит“ во Сирија за поддршка на силите на опозициската Слободна сириска армија и планира да создаде безбедносна зона на западниот брег на реката Еуфрат.