Фудбал
30. January 2018 - 9:37

Јаховиќ ќе го спасува Коњаспор

Еден од најдобрите стрелци во турското првенство македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ од денеска е нов член на прволигашот Коњаспор и ќе се обиде да му помогне да  избори опстанок во лигата. 

Јаховиќ потпиша двеиполгодишен договор со новиот клуб кој му го плати потребното обештетување на Ѓозтепе со што завршија дилемите околу иднината на нашиот интернационалец кој беше поврзуван и со трансфер во некој од турските гиганти.