Живот
10. February 2016 - 16:46

Јадел по 13 чинии овесни снегулки дневно 3 години: Еве како изгледа денес!

Филип Патрик, 19 имал здрава исхрана се додека не го напуштил домот пред 3 години и створил лоши навики - јадел по 13 чинии овесни снегулки дневно со неверојатни 138 лажици шеќер.
 
Филип кој отприлика изел околу 14.235 чинии за 3 години, 6 пакувања овесни снегулки и 15 литри млеко неделно и 5 килограми шеќер на секои 9 дена. Се тоа тој регулрано го "испрал" со регуларни шолји чај со 6 лажици шеќер.
 
Неговата тежина се зголемила за 25 килограми во минатите три години. Сега е татко на едно дете и Филип моли за помош да ја победи својата зависност бидејќи експертите го предупредуваат дека овој начин на живот може да предизвика рак или заболувања на срцето.
 
"Морам да го вратам својот живот назад - можам да умрам вака", рекол."Ова премногу влијае на мојот живот. И на мојот сексуален живот - некогаш беше регуларен но сега е реткост. Софи (неговата жена) се нервира бидејќи кога ќе излеземе на вечера јас нарачувам десерт и завршувам за 3 минути."
 
"Најчесто сум смирена личност и кога имам овесни снегулки и шеќер јас сум многу среќен", рекол.
 
"Меѓутоа, кога сум помеѓу чиниите или не можам да ги добијам, знам да бидам многу нервозен. Ми треба помош да го вратам својот живот назад."