Бизнис
20. јуни 2019 - 16:22

Јаболки и праски се фрлаат од камиони, земјоделие вели дека се преземаат мерки

Ниската откупна цена ги принуди јаболкопроизводителите да го фрлаат родот. Вишоците ја спуштија цената. Го произведуваат за 6, а го продаваат за 3 денари по килограм.

Сепак, овоштарите за Сител велат дека голем дел од јаболката која се фрла е веќе трула, па не може да се продаде. Бараат државата итно да направи магацини, за годините кога има вакви вишоци, да може да се складира и да трае подолго.

Дел од трулата јаболка може да се искористи за компот, но во Преспа има само една фабрика за тоа, но не може да ги задоволи потребите.

Од Земјоделие велат дека во моментот се одивува откуп на јаболката. Министерството веќе направи интервентна мерка за да им помогне на овоштарите.

И производителите на праски се жалат дека ова е најлоша година досега. Додека од земјоделие велат дека откупот на праската тече непречено и се откупува секој килограм кој е произведен, на социјалните мрежи деновиве осамнаа нови видеа како овоштарите го фрлаат родот.