Ја злоставувал другарката толку многу што таа не може да престане да повраќа - Оваа фотографија мораат да ја видат сите родители
Кари Голеџ од Тивертон во Велика Британија објави срцепарателна фотографија од својата ќерка (6) која е жртва на злоставување од страна на врсници.
Софи поради последицаа од злоставување завршила во болница, а фотографијата објавена на Фејсбук покажува девојче кое лежи на болнички кревет. Кари во статусот напишала дека нејзината ќерка престанала да јаде, често плачела и не можела да спие. Во текот на вечерта 20 пати повраќала поради стресот предизвикан од злоставувањето.
- Ова е моето дете, кое од „најдобриот пријател“ толку долго било психички злоставувано што мислела дека тоа е нормално, напишала меѓу другото мајката.
Вели дека други родители ја исмејуваат нејзината ќерка на социјалните мрежи, а тврди дека во училиштето, кога укажала на проблемот, и кажале дека таму се работи на тоа дека „шестоднишни деца се однесуваат како шрстгодишни деца“, и дека на треба да и биде срам.
кари одлучила својата ќерка да ја отпише од тоа учлилиште и да ја запише во друго, затоа што не ја заштитиле тие на кои тоа им е должност.
Пријателите на социјалните мрежи ги замолила да рашират приказната, за повеќе ниту едно дете не би доживеало тоа што преживеала нејзината Софи. Врсничкото насилство често се случува и го има многу, поради тоа треба да се запре, изјавила помуѓу останатото мајката на злоставуваното девојче.
Нејзината објава собрала повеќе од 200.000 реакции и споделеа е повеќе од 230.000 пати.
Ново на Сител
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот