Живот
25. October 2016 - 21:08

Ја згрози нацијата: На телевизија призна дека силувал девојче (4) и го убил

Турчинот Химет Актурк ја шокираше целата нација кога во емисија во живо на една телевизија призна дека силувал и убил 4-годишно девојче.

Тој се сложил да се појави во турската ТВ емисија која ги следи семејните драми и слични криминалистички случаи. Водителката Муге Анли говореше за исчезнувањето на 4-годишната Ирнак Купал. Исчезнала додека си играла пред својата куќа во западната провинција Маниса.

Анли го притискаше Актурк додека потполно не се скрши и призна дека стои зад ужасното злосторство. Моментално е уапсен и одведен во полициска станица каде раскажал се. Признал дека го силувал девојчето, го задавил и потоа телото го ставил во вреќа и го фрлил во контејнер.

Меѓутоа кога видел дека ѓубрето не е испразнето следниот ден, го зел телото и го закопал во блиското лозје. Полицијата го пребара теренот и ги пронајде остатоците од девојчето.

Локалниот градоначалник Гокан Карабокан изкави дека сите се потресени од овој случај и дека „не може Актурк да го нарече човечко битие“.

Кога исчезна девојчето, полицијата тргна во голема потрага, меѓутоа набрзо се откажаа зошто сфатија дека поради извесно генетско заболување не можела далеку да побегне. Полицијата се сврте кон водителката за да им помогне во истрагата и да посвети емисија за овој случај.