Ја врзувала ќерката за радијатор за да не замине во ИД
Една Русинка призна дека се обидувала на сите начини да ја спречи нејзината ќерка да не им се прикличи џихадистите од групата Исламска држава (ИД), па дури и ја врзувала со синџир за радијаторот во нивниот стан, но дека таа сепак успеала да побегне.
Лондонски „Дејли Меил“, кој ја пренесува исповеста на очајната мајка Шахија Бочкирова, пишува дека останува и натаму нејасно што ја натерало нејзината 20-годишна ќерка, Фатима Џафарова, да се откаже од својот дотогашен живот и работата во светот на модата, да ги замени со џихадизмот.
- Знам само дека родив едно чудовиште, изјавила очајната мајка.
Таа не знае како ќерка и побегнала од дома, но смета дека преку турската територија таа се префрлила во Сирија, каде веднаш им се приклучила на милитантните исламисти на ИД.
Бочкирова раскажува дека Фатима својата модерна облека ја заменила за традиционалните облеки на муслиманските жени, одејќи целосно забрадена и дури прифатила да биде четвртата сопруга на еден од повисоко рангираните џихадисти на ИД.
Фатима на интернет постојано ги фали „успесите“ на терористите на разни „фронтови“ и ја велича борбата на „нејзините браќа“ против, како што вели „неверниците“ во терористичките напади, како оние во Париз, кога беа убиени 130 лица, или како соборувањето на рускиот патнички авион над Синај, во кој загинаа 224 патници, меѓу кои и триесетина деца.
- Не очекувам одново да се видам со ќерка ми. Мислам дека таа е веќе загубена, вели Шахија Бочкирова.
Ново на Сител
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи