Ја викнал да донесе топломер за бебето, па ја убил со три куршуми
Неразбирањата во бракот доведоа до голема трагедија и незапаметен злочин во Хрватска. Две мртви тела се пронајдени во саботата навечер пред куќата во која живееле. Крвавиот настан се случил околу 20 часот кога 40-годишниот Симон Франиќ со неколку куршуми ја усмртил својата помлада сопруга, 29-годишната Катарина Франиќ, со која од пред некое време започнале бракоразводна парница.
Тие започнале брак минатата година во мај и веднаш добиле синче. Бракот им траел до неодамна кога таа со синот поради честите кавги, се вратила во куќата на своите родители. Тогаш разбеснетиот маж ја променил бравата од станот каде заедно живееле и и ги исфрлил сите алишта. Два дена пред убиството добиле и покана за Суд. Симон и се јавил на Катарина и побарал да му донесе топломер бидејќи нивното синче било болно, а таа не насетувајќи што и подготвува, тргнала да помогне. Кога таа дошла на вратата, ја повикал да влезе, го успала детето, а потоа тој извадил пиштол за кој имал дозвола, и ја усмртил со три куршуми. Потоа се смаоубил на местото на настанот, со што нивното 17-месечно синче остана без двајца родители.
За жал, Брзата помош можела само да констатира смрт и кај двајцата.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд