Ја уништи невестата пред сите и си замина од свадбата
Свадбите најчесто се едни од најубавите моменти во животот на луѓето, но овој случај е малку поинаков. На една свадбена веселба, младоженец од Велика Британија решил да изнесе валкани детали и тоа пред сите гости. Се што се одвивало на свадбата еден од присутните на церемонијата го раскажал во емисијата „The Graham Norton Show“ .
– Младоженецот стана и им рече на сите гости убаво да ги погледнат своите чинии. Потоа ги замоли сите кои имаат црвена точка на чинијата да станат, што осуммина од гостите и го направија и останаа на нозе, раскажал Шон кој присутствувал на свадбата.
– Кога сите помислија дека станува збор за некоја игра во која мажите што стоеја нешто ќе треба да прават, младоженецот соопшти – „Oва се луѓето кои спиеја со мојата жена додека ние бевме верени. Во овој момент веднаш барам поништување на бракот“.
Откако го рекол веднаш заминал, а сите пристуни останале вчудоневидени од неговиот потег.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно