Живот
19. December 2016 - 17:04

Ја удрил со автомобил па избегал, а всушност и го спасил животот!

Триесетиосум годишната Британка Тања Кембл - Смит тргнала по ќерка и во училиште кога непознат возач на раскрсница налетал на неа, а потоа побегнал од местото на несреќата.
 
Иако се здобила само со полесни повреди, жената сепак одлучила да оди на лекар. И добро постапила, бидејќи при физиотерапијата и е откриен јазол, за кој излегло дека е редок облик на рак на јајници. Болеста била во стадиум пред завршниот.
 
- Мислам дека е во прашање судбина. Да не дојдев немаше да го дознаам ова. Кога ќе погледнам наназад, мислам дека тоа беше благослов изјавила Кембл Смит за британски Мирор.
Така човекот кој ја предизвикал сообраќајната несреќа речиси и го спасил животот. Мајката бил под хемотерапија која била успешна, а од трети октомври конечно знае дека го победила ракот.
 
Сопругот Ендру и ќерките од 12 и 15 години се пресреќни.
 
Ќерките многу се израдуваа кога ја дознаа веста. Нивните мали лица се разведрија и ме прегрнаа, - раскажа Тања Кембл, за Мирор.
 
Полицијата до сега не откри кој ја предизвика несреќата.