-->
-->
Ја убил својата прва братучедка на вечнавка, сакал да и се освети бидејќи не сакала да..
-->
Германија: Шилан (21) била млада девојка која студирала менаџмент но не сакала да се покори на традицијата. Нејзиниот татко ја откажал веридбата, а тогаш им се осветиле. Шилан (21) е убиена во неделата на венчавка во Хановер. Ја убил нејзиниот прв братучед Шефин Н. (22) бидејќи не сакала да се омажи за него. Во нејзе пукал пет пати, од кои три пати ја погодил во глава.
Студирала менаџмент
Кога Шилан била стара три години, заедно со своето курдско семејство побегнала од Ирак во Германија. Шилан станала германска државјанка, студирала менаџмент за управување со недвижнини.
Објавил фотографии од мртвата ќерка
Нејзиниот татко Гази (50) на Фејсбук објавил шокантни фотографии од својата мртва ќерка.
- Со длабока тага и болка ви соопштувам дека мојата ќерка е убиена. Таа е жртва на традицијата и обичаите, напишал нејзиниот татко на Фејсбук.
Сигурен е дека станува збор за освета. Гази од мај до Јуни претходната година бил во Ирак каде работел. Вели дека неговите браќа зад грб се договориле за брак помеѓу Шилан и Шефин кој е син на неговиот брат Нуман. Кога Гази се вратил, неговата ќерка го молела за помош.
- Ми рече дека нејќе да се омажи за Шефин па ја откажав веридбата, вели Гази.
Додава дека поради тоа се одлучиле да му се одмаздат.
- Ние живееме во Европа, ова е страшен злочин против невини луѓе, вели нејзиниот татко.
Убиецот е во бегство, пушива Билд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари