Ја убил сопругата како што ја убиле сестра му пред 10 години - мештаните сведочат за ужасот
22-годишната Даниела Ханди од Србија беше брутално убиена од страна на својот поранешен сопруг, и тоа среде улица со нож. Дејан Гашиќ ја уби поранешната сопруга пред очите на случајните минувачи, како и нејзиниот малолетен брат. Тој ја искасапи со нож по лицето и вратот.
Таа во април годинава го напуштила мажот, и со синовите од пет и две години се вратила кај мајка си. Таа веќе не можела да трпи ќотек и навреди.
- Со сестра ми бевме до продавница кога се случи хаосот, се појави Денис, и реков дека оди по нас, таа не сакаше да се вратиме дома, а тој не стигна и ми рече само сакам да разговарам со неа. Видов како ја боде по вратот, прскаше крв, Истрчав по помош, но та веќе почина, вели нејзиниот малолетен брат пред чии очи се одвиваше хоророт.
По убиството Денис побегнал, но набрзо е фатен и приведен од страна на полицијата.
Соседите велат дека несреќната жена бегала од сопругот бидејќи ја мачел, тепал и малтретирал. Велат се карале за пари, а и по селото тој зборвал дека има друг маж.
Мештаните се сеќаваат дека и сестрата на убиецот била убиена на ист начин, во 2007. година. Таа избегала од сопругот кој ја тепал, па била брутално убиена.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање