Ја силувале на 17 години и одбила да абортира: Родила син кој денес е светска ѕвезда
Овие детали од животот на пејачот сигурно не сте ги знаеле. На неговата мајка воопшто не ѝ било лесно, но успеала, и денес е горда на својот син. Имено, станува збор за Џастин Бибер, кој денес има 23 години, од тинејџ-ѕвезда прераснал во докажан професионалец.
Меѓутоа, сето тоа немало да се случи доколку неговата мајка, Пети Малет, на 17 години не ја донела вистинската одлука и одбила да абортира.
Пети пред бременоста доживеала сексуално злоставување и сите последици кои истото ги носи. Чувствувала срам, лична вина поради тоа што се случило, се обидела и да се самоубие. Тоа било кулминација на година на патење, дрогирање, алкохолизирање. Сето тоа Пети го преточила и во книга, која седум дена по објавувањето станала бестселер. Сакала со нејзиното искуство да им помогне на другите.
На 17 години била бремена со Џастин. Ја охрабрувале да абортира, но, вели Мелет, тоа за неа било неприфатлива опција. “Едноставно, знаев дека не можам. Знаев дека треба да го задржам. И да го дадам најдоброто од себе”. Вели, кога прв пат го слушнала својот син како плаче, тоа било музика за нејзините уши. Џастин и тогаш звучел како да пее.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација