Балкан
20. March 2018 - 12:56

Ја шокираше полицијата: Хрват возел со 4,9 промили алкохол во крвта

Полицијата во Копривница, во Хрватска запрела маж (47) кој возел со 4,9 промили алкохол во крвта.

Пијаниот возач го запреле во петокот, околу пладне, во 12.35 часот на улица во Копривница.

Алко тестот покажал дека има 4,9 промили алкохол во крвта, па го префрлиле во полиција, за да се отрезни.