Живот
26. August 2017 - 21:07

Ја прелажа смртта два пати: Едвај успеа да ја помине реката, кога од таму се појави поголема опасност

Еден Австралијанец добро помина кога храбро одлучи во возилото да тргне преку реката на многу опасниот премин Кахлис.

Снимката го следи возачот кој внимателно се провлекува низ водата, која му покрива половина автомобил.

Работата да биде полоша, во еден момент му поминува огромен крокодил.

Да морал возачот да излезе од автомобилот, кој знае што ќе се случеше.

Инаку преминот Кахлис е познат по големиот број крокодили и важи за едно од најопасните места во земјата.