Македонија
22. September 2019 - 11:42

Ја повикал да нуркаат па ја запроси на дното на Охридското Езеро

Момче на необичен начин се одлучи да ја запроси својата девојка. Како што објавија од нуркачкиот тим „Акватек" запросувањето се случило на дното на Охридското Езеро каде момчето го оставило сандачето во кое се наоѓал прстенот и ја повикал девојката да нуркаат.

Кога се спуштиле на дното на езерото, го отклучиле сандачето покажувајќи и го прстенот и со мимики со раце Александар и објаснил на Матеја дека тој сака таа да се омажи за него. Таа изненадено му подава рака да и го стави прстенот и среќни испливаа на површината.

Од нуркачкиот тим „Акватек" објавија видео од ова несекојдневно запросување.