Бизарно но вистинито
11. March 2016 - 16:18

Ја погребал својата сопруга а по две години и го слушнал гласот на телевизија

Абраг Мухамед ја погребал својата жена откако му кажале дека починала во сообраќајна несреќа, a потоа се шокирал која ја видел на телевизија.
 
Тој изјавил дека не знаел дека таа е жива, лекарите му рекле дека починала од повредите здобиени во сообраќајна несреќа.
 
Таа се јавила на телевизија во емисија каде луѓето си ги бараат своите блиски со кои изгубиле контакт со години.
 
Имено додека пријатели на семејството ја гледале тв емисијата „Исчезнати“, ја слушнале неговата сопруга на телефон каде се јавила и кажала дека изгубила контакт со својот сопруг и оставила име на нивната поранешна адреса.
 
Иако вдовецот не ја гледал оваа емисија, пријателите веднаш му се јавиле за да му ја соопштат шокантната вест.
 
-Не знаев дека сме погребале некој друг и дека мојата сопруга е сеуште жива, изјавил тој.
 
Сепак прашањето е зошто една жена чекала две години за да стапи во контакт и каде била до сега.
 
Една од теориите дека можеби таа го загубила своето памтење а за времето кое минало живеела во мал планински град Азилал.
 
По несреќата лекарите му рекле дека најверојатно нема да преживее.
 
Тој се вратил во својот дом, кој бил 4 часа од болницата, а кога се вратил го известиле дека починала. Подоцна телото кое го добил веќе било сместено во сандак а тој мислел дека е неговата сопруга и го погребал.